Шведскиот производител на суперавтомобили Кeнигсег во мисија да ја сруши бариерата од 500 км/час

Откако Бугати, со својот суперавтомобил Bugatti Chiron Super Sport 300+ минатото лето постави рекорд на нешто помалку од 490 км/час, Кeнигсег сака да се врати на врвот на го брзинските рекорди со „нормалните“ автомобили. Тие сакаат да го сторат тоа со Koenigsegg Mission 500, автомобил, кој во основа ќе биде Koenigsegg Jesko, кој со своите 1.600 КС веќе достигнува брзина од околу 482 км/час.

Да го кажеме ова на друг начин: Ако возите 482 км на час, комплетно фудбалско игралиште ќе прелетувате на секои 0,68 секунди. Сега само треба да почекаме до март, бидејќи суперавтомобилот ќе биде прикажан на Саемот за автомобили во Женева.