Си го завиткал својот „Шевролет“ во пластична фолија небаре ќе го носи за поклон – еве како уште една легенда од Флорида се припремаше за ураганот Милтон
Додека некои се придржуваат до наредбите за евакуација, еден маж од Флорида е исмејуван од јавноста, затоа што се обидел да ја завитка својата ценета „Шевролет Корвета“ во пластична фолија за да ја заштити од ураганот Милтон.
На TikTok, ентузијастот за автомобили, кој објавува под корисничкото име @gucci_lemon_reloaded, покажа како го пакува својот автомобил и го праќа во гаража.
Светкавиот црвен спортски автомобил изгледаше како играчка што се пакува за подарок, при што корисникот на TikTok истакна дека е „подготвен за поплава“.
Во продолжението на TikTok, човекот објасни зошто го завиткал автомобилот во пластичната фолија.
„Причината поради која избравме да го направиме ова беше некако инспирирана од „Поршето“ што го видов на „Инстаграм“ во Тампа што преживеа“, објасни тој.
„Всушност ние сме во Палм Бич така што нема смисла да се евакуираме“, објасни тој.
„Ако одиме на север, навистина нема да стигнеме многу далеку, веројатно ќе завршиме во полоша ситуација“, продолжи љубителот на автомобили.
Коментирај анонимно