Сијамски близначки родени со спoeни глави конечно се погледнаа една со друга благодарение на извонредно редок хируршки подвиг

Едногодишните девојчиња, чии имиња не се познати, се родени во август минатата година. Медицинскиот тим во Медицинскиот центар Сорока во Беер Шева, Израел, ја планирал операцијата уште пред да се родат, иако сите биле свесни за опасностите.

По 12-часовна операција за „живот или смрт“, близначките можеа да се погледнат една со друга за прв пат.

Тоа е исто така првпат лекарите во Израел да ја извршат операцијата. „Кога медицинските сестри ги средуваа бебињата, тие се погледнаа, правеа звуци и нежно се допираа, беше прекрасно. Можеше да се види комуникацијата меѓу нив, и тоа беше толку посебно “, изјави д -р Исак Лазар.

Лазар, директор на Одделот за педијатриска интензивна нега во Медицинскиот центар на Универзитетот Сорока, објасни:„Секоја погрешна одлука можеше да биде фатална, бидејќи операцијата беше извршена помеѓу главните крвни садови кај бебињата. Сите знаевме дека секое крварење може да има катастрофални последици“.

Постапката вклучуваше кранијална реконструкција и калемење на скалпот, што се случи откако лекарите вежбаа на софистицирани, виртуелни 3Д модели.

Иако близнаците ќе имаат физички последици поради раните месеци од нивниот живот, „со соодветна рехабилитација и работа на нивниот физички и когнитивен развој, очекуваме тие да бидат сосема нормални деца“, рече докторот.