Силен ветер буквално разнесе јахта на брегот на Италија, а сведоштвата на преживеаните се и повеќе од страшни: „Го изгубив моето бебе и го видов како се дави во брановите“

Mајка од Велика Британија го опиша драматичното спасување на своето бебе за време на несреќата со јахти која се случо во близина на Сицилија, во која се стравува дека загинале седум лица, вклучувајќи и четворица исчезнати Британци. Меѓу исчезнатите е и бизнисменот Мајк Линч, кој често го нарекуваат „Британскиот Бил Гејтс“. Неговата сопруга Анџела Бакарес ја преживеала тешката несреќа, но нивната 18-годишна ќерка Хана и понатаму се смета за исчезната.

 

 

 

Шарлот Голунски, 36-годишна мајка, беше меѓу 15-те спасени луѓе. Таа раскажа како среде хаосот ја штитела својата едногодишна ќерка.

„На две секунди го изгубив моето бебе во морето, а потоа веднаш повторно ја прегрнав сред бесот на брановите“, изјави таа. Голунски ја опиша ужасната сцена додека се борела да ја одржи својата ќерка во бурните води.

 

 

 

Јахтата, во која имало 10 членови на екипажот и 12 патници, била погодена од силен ветер, поради што се превртела. Д-р Доменико Ципола, шеф на болницата во Палермо, потврди дека Голунски и нејзината ќерка се во добра состојба, но ги раскажа застрашувачките моменти кога јахтата се превртела.

Властите пронајдоа едно тело, за кое се верува дека е готвачот на бродот, Рикардо Томас. Нуркачите се соочуваат со предизвици да стигнат до остатоците од јахтата, кои се наоѓаат на 50 метри под вода, со извештаи дека виделе трупови најдоле на дното.

 

 

Рибарот Пјетро Ашиуто и капетанот Фабио Чефалу ги набљудувале последните моменти на јахтата, а Ашуто опишува како јахтата „одеднаш исчезнала“ откако била погодена од бурата.

 

 

Луксузната јахта, позната како „The Bayesian“, беше брод долг 56 метри и имаше проценета вредност од 30 милиони долари. Се изнајмувала за 200.000 долари неделно. Беше позната по својот дизајн, откако освои награда за врвен стил на Светските награди за суперјахти во 2009 година.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Nikola напиша:

    I TITANIK imase super dizajn, ama potona.

  • zoritoler imol напиша:

    Wow, wonderful weblog format! How lengthy have you been running a blog for? you made blogging look easy. The full look of your web site is magnificent, as smartly as the content material!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *