Силвестер Сталоне ја прослави 25-годишнината од бракот со својата сопруга Џенифер Флавин што е вистинска реткост во светот на славните

75-годишната холивудска легенда Силвестер Сталоне и неговата сопруга Џенифер Флавин (53) на социјалните мрежи прославија 25 години брак.

Тој објави неколку фотографии на Инстаграм, од својата сребрена свадба, за своите 14,8 милиони следбеници и во описот напиша „Среќна 25-годишнина на мојата неверојатна сопруга. Нема доволно зборови за да се опише што значеше оваа неверојатно несебична посветена, трпелива жена за нашите животи и посакувам да доживееме уште 25! Ти благодарам душо!“

Исто така и Џенифер им сподели слики на своите 380.000 следбеници, и додаде „Среќна ни 25-годишнина од брак! Ти благодарам што секогаш ме тераше да се смеам, секогаш го сакаше и заштитуваше нашето прекрасно семејство! Ти благодарам љубов моја! Те сакам многу и ќе ги поминеме следните 25 години заедно! Продолжи да ме засмејуваш и јас сум твоја до крајот на мојот живот!“

Двојката се венча во мај 1997 година и заедно имаат три ќерки, Софија (25), Систин (23) и Скарлет (19). Нивниот долгогодишен брак е редок пример за успешно зачувани и негувани семејни вредности и покрај големата популарност и слава на легендарниот актер.