Симпатијата од средношколските денови (виц)

Стоев во чекалната на стоматологот. Во еден момент го видов целото име на докторот и се сетив на едно високо, згодно момче со истото име кое ми беше симпатија во средно училиште. Се запрашав дали е истиот човек. Но, кога го видов ќелавиот, збрчкан 40-годишен стоматолог, мислата брзо ми излезе од глава – тој е премногу стар за да биде мој соученик. Откако ме прегледа, сепак решив да го прашам дали завршил во Јосип Броз генерација 1990, ако не друго, ќе му биде како комплимент. Ми рече дека навистина учел таму и да, дека ми е генерација.
„Зошто прашуваш?“
„Ти си одел во моето средно училиште“, му реков.
Потоа почна внимателно да ме гледа. И тогаш тој грд, стар, ќелав, збрчкан, дебелогаз, обелен кучкин син ме праша:
„По кој предмет предававте?“