Сината лагуна- најпопуларното место во Исланд за оние коишто сакаат калливо бањање

Сината лагуна е геотермално одморалиште во југозападен Исланд. Одморалиштето се наоѓа на поле со лава во близина на Гриндавик и пред планината Хорбјорн на полуостровот Рејкјанес, на локација поволна за геотермална енергија и се снабдува со вода што се користи во блиската геотермална централа Свартсенги. Сината лагуна се наоѓа на приближно 20 километри од меѓународниот аеродром Кефлавик и е една од најпосетуваните атракции на Исланд.

Млечно сината нијанса на водата се должи на високата содржина на силициум диоксид. Тоа формира мека бела кал на дното на езерото која капачите ја тријат на нивната кожа. Водата е богата и со соли и алги.

Температурата на водата во пливачкиот простор во лагуната е во просек од 37-39°C. Од гостите се бара да се тушираат голи пред да влезат во геотермалната бања. Заедничките тушеви се поделени по пол. На децата под 8 години им е дозволено да користат рачни пловици, кои се обезбедуваат бесплатно. Лагуната не е погодна за деца под 2 години. Лагуната е достапна за инвалидски колички благодарение на рампата во водата и туш кабината. Има и посебна соблекувална за лица со посебни потреби.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *