„Сине, зборувај со мене и не плачи“: Момче падна во бунар, а видеа и фотографии ги покажуваат обидите за спасување

Во авганистанското село Шокак, деветгодишното момче Хајдар во вторникот паднало во бунар. Длабочината на бунарот е 25 метри, а момчето се заглавило на длабочина од 10 метри.

Според Си-Би-Ес, надлежните служби прават се за да го спасат момчето.

„Добро ли си синко? Зборувај со мене и не плачи, работиме да те извадиме“, му рекол таткото на момчето.

„Во ред, ќе продолжам да зборувам“, одговорило момчето со тажен глас.

Спасувачите со јаже ја спуштиле камерата низ тесниот бунар за да знаат каква е ситуацијата на момчето. „Таму има тим со брза помош, кислород и други неопходни работи“, напиша на Твитер Абдула Азам, секретар на вицепремиерот Абдулгани Барада.

Спасувачите ископале отворен ров од агол на површината за да се обидат да стигнат до местото каде што момчето било заробено. Да се надеваме дека оваа приказна ќе има среќен крај.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!