Сингл жени во Кина прават фотосесии со лажни труднички стомаци — а причината е луда
Млади жени во Кина плаќаат за лажни труднички фотосесии бидејќи сакаат „убави“ фотографии од бременост додека се во својата физичка врвна форма.
Овој бизарен феномен стана национална сензација во октомври, откако инфлуенсерката, Мејци Геге, која има малку над дваесет години, објави фотографии со вештачки стомак, позирајќи пред камерата.
„Додека сè уште сум слаба, облеков лажен стомак за да направам труднички фотографии и уживав во претходно изрежирана улога на животот. Дури го направив тоа со најдобрата пријателка!“ изјави таа за своите 5,7 милиони следбеници.
Демографски предизвици во Кина

Поранешната контроверзна политика за едно дете во Кина официјално заврши во 2015 година поради загриженоста за стареењето на населението и опаѓањето на стапките на раѓање.
Меѓутоа, речиси една деценија подоцна, стапките на раѓање продолжуваат да паѓаат.
Во периодот од 2019 до 2022 година, просечната возраст на жените кои го имаат своето прво дете се зголемила од 26,4 на 27,4 години, што укажува на тоа дека сè помалку семејства одлучуваат да имаат деца, што дополнително ја намалува стапката на раѓање за второ и трето дете.
Во градот Шангај, просечната возраст на мајките за првпат достигнала 30, 36 години, со што вкупната просечна возраст за раѓање се поместила на 31,18 години, според Global Times.
Притисок за „идеална“ слика

До своите триесетти години, многу Кинески жени чувствуваат дека веќе го поминале својот физички врв, што ги мотивира младите жени да се обратат во фото студија пред да ги добијат стриите или несаканата тежина што може да ја донесе вистинската бременост.
По признанието на Мејци Геге дека позирала со лажен труднички стомак, и други жени признаа дека направиле истото.
Една 26-годишна жена изјави дека ги направила своите труднички фотографии кога имала 23 години, иако тогаш не била ни била мажена.
Друга жена ја пофали Мејци Геге и рече дека и таа ќе закаже фотосесија: „Научив нешто ново. Ќе купам лажен стомак и ќе направам труднички фотографии додека сум сè уште најслаба!“ рече возбудено.
Овој феномен беше широко осуден од многумина, кои сметаат дека промовира проблеми со телесната слика и нереални стандарди за убавина како „бела, слаба и млада“.
„Ќе се фотографирам за мојот 70-ти роденден сега и ќе ги објавам подоцна на социјалните мрежи. Така ќе изгледам многу млада!“ се пошегува еден критичар.
Еден друг изјави дека ќе почне со подготовки за погребни фотографии, за да изгледа убаво кога ќе почине.

Коментирај анонимно