Синот го украл семејниот автомобил за да „лудува“ и родителите го казнија на соодветен начин

Откако ги испратил своите родители на одмор тинејџер од Феникс добил луда идеја да го земе семејниот автомобил за да си се повози. Сепак го фатиле и тој ќе плати прилично скапо за ова негова глупост.

Анхел Мартинез има 14 години. Додека тој бил дома а неговите родители ја славеле својата годишнина од брак во Лас Вегас, тој решил да го украде автомобилот. „Едноставно го земав.“, вели тој. Анхел долго време сакал да седне зад воланот, но бидејќи има само 14 години ова било невозможно.

Тоа сепак не било обично возење во неделата околу блокот, сепак. Родителите на Анхел наскоро добиле повик од локалната полиција, откривајќи дека нивниот син „лудувал“ околу нивната населба Северен Феникс во семејниот Range Rover. Соседите во локалното подрачје, засегнати од несовесното возење, го пријавиле однесувањето на Анхел.

Неговите родители веднаш се вратиле дома и смислиле сурова, но праведна казна за момчето. Тие одлучиле да го лишат од сите негови работи. Целосно му ја испразниле собата и почнале да ги продаваат, компјутерот, телевизорот, телефонот, па дури и неговиот кревет. Исто така му ја одземале и обувките и облеката.

Момчето морало и да држи знак на кој што пишува: „Извинете што го украдов автомобилот на моите родители и возев брзо.“ Рамон додаде: „Претежно да се извини. Ние сме соседи. Тој можеше да прегази некого. Нешто навистина лошо можеше да се случи.“