Синот изразил желба за сончоглед „голем колку куќата“, а таткото одлучил да се посвети и да му ја исполни желбата

Понекогаш децата од своите родители бараат работи кои не се реални, но кога едно 4-годишно момче побарало од својот татко сончоглед висок како куќата, неговиот татко одлучил да му ја исполни желбата. Малиот Стелан Смит, од Стенстед Аботот, Хертфордшир, го замоли неговиот татко Даглас да го одгледува гигантскиот цвет на почетокот од оваа година, па 42-годишниот ја започна својата мисија на крајот на март со садење семе во својата градина.

Со соодветна нега и грижа цветот достигна 6 метри од коренот до врвот, односно 7 метри доколку се мери и кривата од каде што цветот паѓа надолу поради својата тежина. Тој користи скала за да се грижи за растението кое се протега над вториот кат од нивната куќа.

Иако неговите зелени прсти дефинитивно имаат улога во успехот на сончогледот, му помогна и тоа што неговото семе имало добра генетика. Тој го добил во трампа со Џон Батлер кој го држи сегашниот рекорд за највисок сончоглед во Северна Америка на 8 метри.

Четиригодишниот Стелан е разбирливо воодушевен од фактот што му беше исполнето неговото барање, иако Даглас призна дека големината на цвеќето е тешка за разбирање, велејќи: „Мислам дека луѓето во неговата градинка не му веруваат кога им кажува дека има.“