Синот со лажни вести ја натера мајка му да мисли дека вонземјаните напаѓаат – а нејзината реакција е бесценета

Еден дечко стана вирален откако ја измами својата мајка да поверува дека вонземјани слетале во Северна Америка.

На видео споделено на интернет може да се види како неговата мајка гледа лажен извештај на NBC News на телевизорот во нивната дневна соба, во кој се тврди дека „објекти во џиновски овални форми се појавуваат во големите градови“.

Емитувањето наеднаш е прекинато со наводна порака од Федералната агенција за управување со вонредни состојби, со која се објавува национална вонредна состојба прогласена од Американската влада.

Мајката е видно вознемирена и се обидува да се јави некому. Во непланиран пресврт што ја зголеми автентичноста на шегата, нејзиниот телефон престана да работи.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *