Sирнете во луксузната суперјахтата на боксерот Тајсон Фјури долга 137 метри

Тајсон Фјури и неговата сопруга Парис моментално уживаат во многу раскошен одмор со своите деца, долж француската ривиера на супер јахтата Ирама, која чини 10.000 фунти за една ноќ, по неговата неодамнешна победа на Дилијан Вајт.

33-годишниот шампионот во бокс во тешка категорија, не штедеше воопшто за да го почести своето семејство со луксузен одмор во Јужна Франција на прекрасниот брод.

Тие застанаа на неколку посакувани локации долж познатото крајбрежје и максимално ги искористија капацитетите за водени спортови, како што е џет-скијањето. За време на една од нивните попатни станици, семејството се фотографираше покрај базенот на покривот и ги облекоа своите костими за капење, притоа впивајќи ги сончевите зраци и уживајќи во водените лудории.

Суперјахтата во која престојуваше шампионот во бокс со семејството, ја изгради компанијата Концепт од Турција. Бродот, кој е долг 137 метри, може да прими до 14 гости и седум членови на екипажот.

Тајсон Фјури и неговата сопруга се фотографираа на маса за двајца, како уживаат сами на нивната романтична вечера.

Парис за своите следбеници на Инстаграм, сними турнеја шетајќи низ бродот од палубата до главниот апартман. Може да се види дека стилскиот простор е украсен во златни и морнарски тонови и нуди кралско, но модерно чувство, со голема дневна соба за сместување на осумчленото семејство и нивните роднини. Надвор пак, има преубав кадифен надворешен мебел, вклучувајќи софи и лежалки. На објавените фотографии на социјалните мрежи се гледа како парот се релаксира со огромна чинија со овошје и пијалоци, додека нивните шест деца уживаат во изобилство од слатки задоволства, чоколади, пуканки и газирани пијалоци.

Исто така, споделија и слики на кои парот танцува и ужива во пијалоци од кокос и ладно пиво.

Боксерскиот пријател на Тајсон, Карл Фроч, неодамна изјави за Би-Би-Си дека Парис е бремена со седмото дете. Тој тогаш рече: „Има пет или шест деца? Не сакам да сфатам погрешно, но тој има многу деца“. Според Сан, Тајсон Фјури рекол: „Бројот седум ќе излезе наскоро.Ќе бидам семеен човек и дебела свиња, подебела отколку што сум веќе“.