Сиромашен Полјак создаде генијална „волшебна шолја за кафе“ која никогаш нема да ви се истури

Го знаете она чувство кога случајно ќе ви се истури шолјата со кафе па имате дамки на масата, креветот, книгите, лаптопот и тој мирис на кафе не го снемува со недели? Што ако ви кажеме дека постои шолја која нема да се истури без разлика колку сте несмасни?

Благодарение на Каспер Серафин, таквата чаша постои откако тој ја напушти својата работа од девет до пет за да работи на неговиот генијален изум.

Пронаоѓачот, кој се преселил од Полска во Велика Британија со само 300 евра на својата сметка работел во магацин за спортска опрема за да заработи за живот. Кога не работел истражувал на лаптоп како да започне свој бизнис. Секако за ова му било потребно многу кафе.

„Една вечер, кафето се истури низ моите работни белешки, па ми се појави идејата да продавам шолји за кафе кои нема лесно да се истураат.“, вели Каспер. Тој прилично сериозно си ја сфатил идејата па така дал отказ од своето работно место и почнал да работи со скратено работно време како доставувач во Deliveroo за да може да работи на својата идеја, но и да заработи пари за да оди во Кина и таму да го подготви својот изум.

Тој успеал во идејата отишол во Кина го пронашол вистинскиот човек за работата и склучиле договор. Првин порачал 50 шолји кои се продале добро, потоа уште 500 и го патентирал својот производ. Дури и фирмата во која што работел решила да му помогне во бизнисот и го кофинансирала со 20.000 евра. Каспер сега се надева дека производот ќе го лансира на глобално ниво.

Една ваква шолја чини 15 евра.