Сиромашен пожарникар, волонтер, очекувал социјална помош за пандемијата а добил 8 милиони долари на неговата сметка

Чарлс Калвин, од Индијана, очекуваше да види исплата од 1.700 американски долари од Службата за внатрешни приходи, откако првите исплати беа депонирани на банкарските сметки низ Америка во саботата, 11 април.

Калвин, волонтерски пожарникар, не можеше да верува што гледаше кога го провери балансот на банкомат во текот на викендот. Тој проверувал неколку пати на сметката затоа што не можел да им поверува на очите.

„Отидов на банкомат во Family Express и откако повлеков 200 долари од мојата сметка, го погледнав расположливиот биланс што останува на мојата сметка.“, вели Чарлс. Кога видел дека има 8,2 милиони долари тој си помислил дека банкоматот не работи или исфрла некаква грешка, па тој повторно ја извадил и ставил својата картичка, само за да ја пронајде истата сума како „зјапа“ во него.

Во понеделник наутро тој се јавил во својата банка само за да му кажат дека на неговата сметка повеќе нема 8,2 милиони долари. Сепак, тие му рекле дека му биле депонирани 1700 американски долари стимуларна уплата. „Малку е заникаде. Одите од милионер на хартија до тоа повторно да бидете без скршена пара.“, вели Чарлс.

Калвин сè уште не е сигурен дали парите биле депонирани како резултат на грешка во име на федералната влада, или дали неговата банка или конкретниот банкомат што ги користел биле одговорни, при што тој додава: „Доколку има некој вид на техничка грешка тие треба веднаш да ја решаваат.“