Сите ги знаеме традиционалните правила во борење, но што велите за овој потег?

Нурислам Санајев од Казахстан употреби неконвенционална тактика во полуфиналниот натпревар против Индиецот Рави Кумар во боречката категорија „слободниот стил од 57 килограми“.

Во очаен обид да се ослободи од Кумар, Санајев го искористи единствениот дел од неговото тело кој беше слободен и успеа да ги забие забите во раката на неговиот противник.

Необичната тактика ги изненади гледачите кои го гледаа натпреварот на телевизија, но за жал на борачот од Казахстан, неговиот противник не беше засегнат од потегот и победи на натпреварот, гарантирајќи медал за Индија.

Грзењето е меѓу потезите што се забранети во слободното борење, а правиллата велат дека ” на борачите им е забрането да влечат за коса, уши, гениталии, да штипат за кожа, да гризат и да им ги виткаат прстите на проивниците.”

Кумар во финалето се здоби со сребро, но покрај медал тој дома ќе си оди и со лузна на раката.