Сите го помислиле најлошото, но жена излегла како победник по напад на диви ,, ѕверови”

55-годишната Фина Кифер тргна по патеката за пешачење Пионер Риџ во областа на реката Кинк. Во вторникот, на 15 јуни, една Американка се јавила кај сопругот и побарала помош. Таа му кажала дека ја нападнале мечки, но дека има спреј за самоодбрана.

Набргу по овој повик, жената престанала да одговара на повици и пораки. Волонтери и патроли тргнале во потрага по неа. Спасувачите ја чешлале областа од воздух.

Во средата, на 16 јуни, потрагата беше прекината поради лошите временски услови, но една од волонтерските групи забележа жена како излегува од шумата на околу еден и пол километар од пешачката патека.

Кифер е хоспитализирана за да ги лекува повредите како резултат на нападот од дивите животни.