Сите ја исклучуваме струјата кога грми, но знаете ли всушност кои две работи треба да ги направите за да се заштитите?

Сите по навика ја исклучуваме струјата кога грми, но научник од Инстиутот за физика, д-р Марко Војиновиќ со нас сподели совети како да се заштитиме од удари на гром и ни кажува кои две работи треба да ги направиме.

Кога ќе започне да грми, д-р Војиновиќ вели дека е многу важно најпрво да процениме колку далеку удира громот за соодветно да се засолниме.

– Две работи се основни, првата е да процениме колку е оддалечена грмотевицата од нас. Ако е доволно блиску, треба да се засолнете во затворен простор, во автомобил, зграда, куќа… и тоа колку можете побрзо, а никако да не останувате на отворен простор или да се засолнувате под  некое дрво…

Одалеченоста на грмотевицата ќе ја процените врз основа на разликата помеѓу времето на појавување на блесокот и звукот на грмотевицата. Ги броиме секундите од блесокот, и ако поминат повеќе од три или четири секунди, тогаш громот е далеку. Ако поминало помалку време, односно ако блесокот и зукот се непосредно едно под друго, тогаш е близу – вели научникот.

Точно е дека сите метални предмеи привлекуваат громови. Познатиот „факт“ дека ако клекнеме, тоа ни ги намалува шансите да не удри гром, д-р Војиновиќ вели дека е само „урбана легенда“.

– Клекнувањето е урбана легенда, не прави никаква разлика дали ќе бидете клекнати или ќе стоите, ќе легнете… Сите метални предмети потенцијално привлекуваат молња, да речеме, електрично празнење од атмосферата и кој било метален предмет индицира електризирање на спротивниот пол и така го привлекува. Затоа е паметно да се ослободиме од металните предмети што ги имаме со нас, а тоа вклучува и мобилен телефон.

Бојата на молњата исто така може да биде индикатор за тоа на која температура се загрева воздухот. Најтоплите се светло сини, но секоја грмотевица може да биде смртоносна ако е доволно близу.

– Ретко се случува директен у дар на гром во некој човек, но се случува истиот да „падне“ многу блиску. И кога тоа ќе се случи, кога ќе у дри во кој било предмет, тогаш целата околина се наелектризирува.

– Луѓето бегаат трчајќи, а електрицитетот сака да си замине по најкраткиот пат, низ најдобриот проводник. И тогаш, преку нозете, доживуваме струен у дар. Ако стоиме на едно место и не мрдаме, тоа нема да се случи –  додава Војиновиќ.