Сите мислеле дека е мртов, но тој преживувал во шумата повеќе од една недела

Турист се изгуби на планините во близина на американскиот град Норт Бенд, Вашингтон и јадел диви јагоди осум дена се додека еден човек кој џогирал низ шумата не го пронашол. На 18 јуни, 25-годишниот Ендру Деверс отишол на планинарење и не се вратил на време. Спасувачите организирале потрага по човекот, но операцијата била прекината на 25 јуни.

На 27ми јуни бил пронајден случајно. Ендру изјавил дека пиел вода од реката и јадел диви јагоди. Бил однесен во болница каде е констатирано дека нема посериозни повреди и последици.