Сите помислија дека е геј, но запознајте ја свршеницата на победникот на Евровизија
Италијанецот Дамијанo Давид предизвика повеќе „трач рубрики“ во јавноста. Првин скандалот со наводниот кокаин на Евровизија, а потоа и неговиот прилично „интимен“ однос со машките членови од неговиот бенд. Додека голем број на млади девојки полудеа по Дамијано, дел од нив се збунија кога ја видоа сцената со бакнежот, но на „разочарувањата“ за дамите никогаш крај.
Дамијано јавно изјавил дека не е геј, а за тоа сведочи и неговата прекрасна свршеница со која се заедно од 2016 година. 25-годишната Џорџа Солери, манекенка и инфлуенсерка од Милано, кој моментално живее во Рим на социјалните мрежи објавува прилично „егзотични“ фотографии од себе.
Интересен факт за „Манескин“ е дека тие откако најчесто настапувале по улиците на Рим, одлучиле да се пријават на Х Фактор и таму стигнале до финалето и го освоиле второто место.