Сите слушнале за неговите пророштва, но не знаат многу за него: Кој бил навистина Нострадамус?

Неговите последни зборови беа „Утре веќе нема да бидам овде“, но ние денес ги знаеме сите предвидувања што тој ги направи, од кои повеќето морничаво се остварија. Роден на 14 или 21 декември 1503 година, а починал на денешен ден пред 445 години, Нострадамус бил француски лекар и ценет пророк кој објавил неколку пророштва што станале широко познати. Најпознат по неговата книга Les Propheties, која првпат се појави во 1555 година и никогаш не била тргната од печатење од неговата смрт, Нострадамус привлече огромен број следбеници кои веруваа дека предвидувал големи историски настани.

Но, освен неговите двосмислени пророршва што друго знаеме за Ностардамус? Овие 5 помалку познати факти за Ностардамус ќе ви откријат каков човек бил тој.

Нострадамус бил протеран од медицинскиот факултет

Нострадамус се запишал на Универзитетот во Авињон во 1519 година на 15-годишна возраст, но бил принуден да го напушти една година подоцна кога градот го погодила чума и универзитетот ги затворил вратите. Последователно, тој помина 8 години патувајќи низ Франција, Италија и Шпанија, истражувајќи лековити билки додека работел како аптекар, професија која се смета за инфериорна во однос на лекар.

Останува нејасно дали тој се вратил подоцна за да ја заврши медицинската диплома или не и нема докази што докажуваат дека тоа го направил. Сепак, документот за протерување потпишан од прокураторот Гијом Ронделет сè уште постои во библиотеката на факултетот.

Заедно со книга со пророштва, Нострадамус објавил и книга за готвење

Едно од најстарите публикации на Нострадамус беше насловено „Трактат за козметика и конзервирање“. Во прилог на рецепти на медицински билки за лекување на чума книгата содржела и рецепти за да се добие руса боја на коса, паста за заби, паста од марципан, зашеќерена кора од портокал, мармалад, џем од цреши, конзервирана круша и желе од дуња.

Неговите предвидувања биле засновани на настаните од минатото

Иако од 16-тиот век нашироко се перципира дека Нострадамус, како пророк, имал необична можност да ја предвиди иднината, но научниците дошле до верување дека тој всушност немал натприродна моќ да ја гледа иднината, туку всушност тој ја поседувал можност за проектирање на минатите настани во иднина.

Според Питер Лемесуриер, поранешен лингвист од Кембриџ и професионален преведувач кој има напишано најмалку 10 книги за енигматската фигура, Нострадамус не бил ниту астролог, ниту видовит; тој едноставно верувал дека историјата ќе се повтори. Користејќи техника датирана од библиските времиња позната како библиоманција, Нострадамус наводно избрал извадоци од постари извори по случаен избор, а потоа користел астролошки пресметки за да го проектира нејзиното повторување во иднина. Еден од најголемите извори што се користел за неговото најпознато дело „Пророштвата“ е „Мирабилис либер“ од 1522 година, антологија на пророштвата од познати пророци од тоа време, додека од Ричард Русат обезбедил основа за неговите астролошки препораки.

Тој бил критикуван за неговите астролошки вештини од неговите современици

Нострадамус започнал да ги објавува на годишно ниво своите алманаси, пет години пред да се објави првото издание на „Пророштвата“ во 1555 година и станал познат. Овие алманаси го привлекле вниманието на кралицата на Франција, Кетрин де Медичи, која го повика Нострадамус во Париз за да ги објасни неговите предвидувања и да изготви хороскопи за нејзините деца.

Професионални астролози од неговото време ја критикувале неговата неспособна методологија и неуспехот да ги прилагоди предвидувањата за датумите или местото на раѓање на неговиот клиент.

Пророштвата на Нострадамус биле користени како пропаганда за време на Втората светска војна

Набргу откако Германија ја нападнала Полска во 1939 година, Магда Гебелс, сопругата на министерот за пропаганда на Хитлер, налетала на пасус во книгата „Мистерии на сонцето и душата“ во која се веруваше дека Нострадамус предвидуваат кризи во Англија и Полска во 1939 година. Таа го привлече вниманието на нејзиниот сопруг Џозеф Гебелс и нареди создавање и дистрибуција на брошура што ќе ги убеди оние што живеат во неутрални земји дека нацистичката победа е неизбежна, бидејќи Нострадамус ја предвидел со векови порано.

Сојузниците возвратиле со своја психолошка војна, исфрлајќи големи количини флаери над териториите окупирани од Германија, тврдејќи дека Нострадамус всушност го предвидел поразот на Германија.

Го измислил дезинфекциското средство

Како лекар се прославил со дезинфекциското средство кое го открил и со кое спасил многу пациенти за време на чумата во Франција. Некои биографи поради тоа го нарекуваат – татко на антисептичката медицина.

Што предвидел за 2021?

Тој предвиде дека во 2021 година, еден научник ќе создаде биолошко оружје и ќе произведе вирус што може да го претвори човекот во зомби (како што толкуваат астролозите). Ако тоа не беше доволно лошо, Нострадамус исто така напишал дека глад од библиски размери ќе предизвика хаос низ земјата. А да, да не заборавиме дека пишал земјата би била уништена од соларни бури и огромна комета за да се надополни годината.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.