Сите сме вознемирени: Артур О Урсо, кој има шест жени, планира да има со секоја по едно дете – но има проблем да избере која ќе го зачне првото зашто другите ќе се налутат

Артур О Урсо (37) од Сао Паоло, Бразил, редовно се појавува на насловните страници благодарение на неговата контроверзна брачна поставеност.

 

Тој имаше вкупно 9 жени, но се разведе од три. Сега, тој моментално е „оженет“ со Луана Казаки (27), Емели Соуза (21), Валкирија Сантос (24), Олинда Марија (51), Дамијана (23) и Аманда Албакерки (28). Но, Артур се надева дека ќе го прошири своето семејство со додавање на деца, кои тој и неговите сопруги ќе ги имаат преку сурогат мајчинство за да не натера ниту една од неговите партнерки да се „вознемири“.

„Не сакам да вознемирувам ниту една од моите шест жени со тоа што ќе одберам која прва ќе забремени, па затоа се одлучивме за сурогат мајчинство. Но се уште сѐ мислам дали тоа е решението“, рече Артур.

 

Артур – кој има 10-годишна ќерка од претходната врска – истакна дека никогаш не поминал „вакво нешто“.

„Никогаш не сум поминал вакво нешто, па затоа е прв пат. Многу сме вознемирени, но возбудени да го оствариме овој сон да имаме бебе“.

 

Иако сака да има дете со секоја од своите сопруги, тој планира да ја искористи јајце клетката на својата прва сопруга Луана за првична имплантација. Иако неговите други сопруги, Емели, Аманда и Олинда, Дамијана и Валкирија сега се дел од семејството, тие на почетокот не беа.

Тој рече: „На почетокот, тоа беше многу деликатна тема, особено што сакам дете со секоја од нив. Но, тоа ќе биде подоцна – во моментов најдобрата одлука е сурогат мајчинството. Во моментов бараме некој што може да биде наш сурогат и сакаме некој што ни дава доверба“.

 

Артур вели дека се подготвени да потрошат 40.798 долари на процесот – но се отворени да ја разгледаат идејата за посвојување и во иднина. Тој претходно изјави дека неговиот „сон“ е да има 10 жени и со секоја од нив да има дете.

Артур рече: „Имам сон. Мојата желба отсекогаш била да имам 10 жени. Љубовта што ја чувствувам за секоја од нив е иста. Мислам дека би било неправедно да имам деца само со една или две од нив“.

 

Артур и Луана, кои и двајцата се свингери, решија да ја отворат својата врска во 2021 година.

Тие ја официјализираа својата заедница со другите жени во католичката црква, иако нивната венчавка не е законски обврзувачка поради тоа што полигамијата е нелегална во земјата.

Заработувајќи 61.577 долари месечно на OnlyFans, каде што објавуваат видеа и фотографии од нивната романтична поставеност, како и нивните совети за секс, Луана сè уште има збор и одлучува за многу работи.

 

Една од жените, Олинда рече: „Таа е првата сопруга и мораше да ме одобри. Тоа беше мешавина од чувства, но кога се запознавме, веќе ја сфативме врската што постоеше меѓу нас. Се чувствував како да ја познавам од други животи“.

 

Минатата година, Артур откри дека создал секс распоред за да се погрижи сите жени да се чувствуваат подеднакво вклучени во врската. Но за жал следењето на распоредот предизвикало проблеми зашто се чувствувал како да мора да има секс поради распоредот, а не пради задоволство. А многу е важно Артур како се чувствува, ако не разбравте до сега.

Сега, со шест сопруги, Артур оттогаш се ослободи од распоредот за секс и одлучи да го остави „природно“. Добро е барем тоа се среди, сега можеме сите слободно да се вратиме на нашите животи со нереални проблеми.

  • Robert напиша:

    Neka ima grupen sex – pa komu ide

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *