Скандал во американски затвор: Затвореник си создал личен харем од женски чувари кои низ годините му родиле дури 5 деца!

Во срцето на Балтимор, зад решетките, се одвиваше приказна што повеќе личи на сценарио за Холивуд отколку на реалност. Моќен криминалец создал харем од 13 жени чувари, од кои пет станале мајки на неговите деца, а целиот затвор живеел според неговите правила.

 

Скандал во американски затвор: Затвореник си создал личен харем од женски чувари кои низ годините му родиле дури 5 деца!

Тевон Вајт — лидер на опасна улична банда кој станал „крал” зад решетките

Тевон Вајт се издигнува до лидер на злогласната банда Black Guerrilla Family, позната под името „Црна партизанска фамилија“. Дури и затворските ѕидови не биле преграда за неговата криминална империја — дел од бизнисот и парите ги контролирал од ќелијата, а поради тоа подоцна станува вистински затворски владетел.

 

Тевон Вајт — лидер на опасна улична банда кој станал „крал" зад решетките

Љубов, подароци и тајни афери

Во затворот, Вајт го создава сопствениот „харем” — 13 жени чувари биле заведени, а пет дури му родиле деца. Некои од нив поради силни чувства си направиле тетоважи со неговото име. За својата верност, Вајт ги наградувал со пари и скапи автомобили.

Љубовните средби се случувале во празни ќелии, специјално „ослободени“ за неговите потреби, додека самиот Вајт уживал речиси целосна слобода на движење низ затворот.

 

Љубов, подароци и тајни афери

Откриено по анонимен дојавувач

Во 2015 година, по анонимен повик, ФБИ дозна за невидениот хаос во затворот во Балтимор. Како што се покажало, тајниот дојавувач бил млад затвореник, жртва на малтретирање. Иако таква анархија во американските затвори не е новост, овој пат случајот стигна до Сенатот и настана огромен скандал.

Откриено по анонимен дојавувач

Крај на кралството, сите жени биле отпуштени, а тој добил уште 12 години затвор

Последиците биле драматични: сите заведени жени веднаш биле отпуштени и добиле доживотна забрана за работа во затвори. Вајт, кој мислел дека е недопирлив, доби уште 12 години на основната казна. Пред 2044 година тој нема шанси да излезе на слобода.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Васе напиша:

    Да беа чуварките кај нас, бидејќи би биле сите партиски вработени, строго би ги казниле – условно!!!
    Или… уште потешка казна… Ќе ги отпуштат од работа, па кога се ќе се стиша… ќе ги вработат со договор за дело!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *