Скандал во Манчестер: Вработена на Аеродром си платила пластична операција на гради откако ѝ помогнала на банда да шверцува торби полни со пари во Дубаи
Ема Рауф, вработена на шалтерот за чекирање на аеродромот во Манчестер, наводно финансирала скапи дизајнерски работи и зголемување на градите поради нејзината улога во шверц на милиони во кеш за криминална група кон Дубаи. Судијата и поротата слушнаа дека таа им ги пуштала куферите преполни со готовина без да наплаќа дополнителни такси и овозможувала функционирање на шемата две години.

Содржина:
Ема Рауф ослободила патници поврзани со криминална група од плаќање за вишок багаж полн со пари
Обвинителот Бил Бејкер KC рече пред судот дека Ема Рауф добивала провизии од перењето пари, откако се вмешала во сериозен организиран криминал. “Додека работела на шалтерот за летови во Дубаи, ги чекирала своите соработници без да им наплати за вишокот багаж. Кога не беше на работа, им бараше на своите колеги да ги чекираат нејзините соработници, повторно без плаќање за вишок багаж,” изнесе Бејкер KC. Обвинетата дозволила преку неа да се внесуваат до пет куферчиња полни со готовина по секоја тура, при што групата за две години пренела помеѓу 14 и 30 милиони фунти кон Дубаи со авион на “Емиратес” од Манчестер.

Богатата награда: луксузна торба, дијамантски прстен, Ролекс и зголемување на гради како резултат од криминалот
На суд беа покажани видеа и фотографии од луксузна торба “Луј Витон”, обувки од “Валентино”, дијамантски прстен и часовник “Ролекс” за кои се тврди дека Рауф ги испратила до членови на нејзиното семејство. Поротата слушна и за пораките кои според обвинителството ги испраќала обвинетата на 33 години, каде што се гледа дека платената операција за зголемување на градите е финансирана со добивката од перењето пари.

Соработници веќе признале вина: Закани и пукање кон семејството на Рауф
Се дозна и дека Рауф осум пати летала за Дубаи за само пет месеци. Нејзиниот брат Бен Ројл (31) од Вилмслоу, Чешир и неговиот пријател Шеик Џоб (33) од Манчестер веќе признале вина за перење пари и ќе бидат осудени по завршување на овој судски процес. Судот слушна дека криминалец, чие име не се открива од безбедносни причини, се наоѓа во Дубаи бидејќи не присуствувал на судењето, а се тврди дека се заканил дека „ќе испука куршум во главата“ на оној што е одговорен за исчезнување на 500.000 фунти. Наскоро потоа, беше пукано и кон семејната куќа на Рауф во Хејл, Грејтер Манчестер. Ема Рауф негира вина за обвиненијата за перење пари. Судењето продолжува.

Коментирај анонимно