Скандал во Велес: Учителка во градинка ги терала децата да ПУШАТ електронски цигари во нејзино присуство?

Скандал ја „тресе“ велешката градинка „Димче Мирчев“. Наводно воспитувачка на мала група деца им понудила да пушат електронски цигари со различни вкусови.

 

 

 

Откако за скандалот беше дознаено благодарение на родителите на децата, наставничката е суспендирана и против неа е започната правна постапка. Ставот на воспитувачката, откако е однесена на распрашување, бил дека децата случајно посегнале по цигарата, скришно од неа. Но, родителите на децата велат сосема спротивно, дека таа била онаа која ги „мотивирала“ да пробаат.

Дечињата раскажувале дека тоа се случило неколку дена по ред и цигарата секој ден имала поинаков вкус, велат родителите, кои се видно потресени од целиот настан. По ова, неколку деца се пожалиле дома на болки во грлото и главата, што било причина за да се открие целата приказна.

Вработената ќе биде отпуштена, а истото родителите го бараат и од директорката.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Жарко Г. напиша:

    А, кој да ги казни или отпушти од работа водителите од Инфомакс, Мечка, Миќо, Палчо и нивните гости, кои нон-стоп пушат во емисија која се гледа во цела Македонија но и пошироко во цел свет со посредство на Јутјуб?! Истото важи и за Мирка Велиновска, Милинко и сите други кои со пушењето пред телевизиските камери даваат многу лош пример, не само на децата, туку и на сите останати и служат за пример како не се почитуваат законите во Македонија. А, за Европа и влез во неа се бориме! Срамота!!!

  • Ramiz напиша:

    Koe dete gi gleda navedenite licnosti ???

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *