Скелет на мистериозен морски ѕвер се појави на плажа во Шкотска, откако го откри бурата Циара

Мистеријата го опкружува скелетот на мистериозно суштество што се измило на шкотска плажа за време на бурата Циара. Некои сметаа дека тоа е кит или делфин, додека други ја искористија оваа сугестија велејќи дека станува збор за „морска лисица“, вид на ајкули, кои влегуваат во британските води во текот на летото.

Ѕверот е пронајден на брегот на Абердиншир откако силните ветрови на бурата Циара, го откриле од песокот. Но, дури и морските биолози се збунети, а професорот Дејвид Лусео од Универзитетот во Абердин, вели дека ќе му бидат потребни повеќе информации.

„За жал од само оваа фотографија, не можеме да кажеме многу освен дека има некаква форма на кит. Ќе ни требаат фотографии од предниот дел, а и најверојатно малку разгледување за да го утврдиме видот.“, вели Дејвид. Забуната околу суштеството сепак не ги спречи луѓето да ги споделуваат своите предлози.

Други се шегуваа дека тоа може да биде чудовиштето од Лох Нес, посочувајќи дека ѕверот избегал од својот дом и „не се навикнал на солената вода“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.