Скок од облакодер (виц, црн хумор)

Ресторан на врвот на еден облакодер. На две различни маси седат двајца депресивни мажи и пијат. По некое време едниот му довикнува на другиот.
– Знаеш ли дека од овде и да сакаш да скокнеш да се самоубиеш, неможеш!? Пририсокот на воздухот од надвор е толку силен, што кога скокаш надвор, те враќа пак назад.
Потоа станува од столчето, се залетува кон отворениот прозорец и скока. За чудо, навистина притисокот го враќа назад во ресторанот. Вториот решава и тој да проба. Станува, се залетува кон прозорецот, скока и паѓа право долу, се прави плескавица.
Келнерот доаѓа кај првиот и му вели:
– Супермен, многу лошо пијанство имаш.