Скопјанка нашла туѓа лична карта па решила да подигне брз кредит ама…

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Ш.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ по член 249 од Кривичниот законик.

 

Имено, пријавената пронашла изгубена лична карта на лице од Скопје, при што наместо како секој нормален човек да го исконтактира лицето од личната карта или да ја пријави како изгубена некаде, таа отишла во една филијала на финансиско друштво и аплицирала за брз кредит. Износот за кој аплицирала е 32.000 денари. Таа се обидела да го убеди вработеното лице во друштвото дека личната карта е нејзина. Сигурно „страшно“ си личеле со жената на личната карта, зашто друго логично објаснување за овој потег немаме.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *