Скопје оваа година со најбогата празнична програма на Балканот. Погледнете ја целата програма и се гледаме на плоштад!
За сите оние кои се смееја на елката на Данела еве еден мал потсетник дека таа е единствениот човек што успеа да ги наполни катните гаражи на Грујо околу центарот на Скопје. Секој ден почнувајќи од 25 декември на плоштадот владее празнична атмосфера.
Многубројна публика, македонска музика, многу дарувања и одлична енергија, се само дел од празничната атмосфера која ќе продолжи до 7ми јануари.
„Комората на музичка индустрија на Македонија“, во соработка со „Град Скопје“ направија богата програма која ќе направи долго време да владее новогодишната еуфорија во центарот на Скопје. Раководството на „Комора на музичка индустрија“ овозможи музичка програма за сечиј вкус, од најпопуларните изведувачи меѓу помладата публика, до македонските музички ветерани
Но, за жал едвај некој известува за тоа и за целата програма.
Во текот на празничниот базар свои настапи веќе имаа и допрва ќе имаат ЕРА ѕвездите, Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар, Даниела Темелковска, Поточиња, Бени Нон Стоп, Љубојна, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, Куку Леле, Група Саут Парк, Ареа, Фолтин, диџеј Ерик Фокс, Скопје Лејдис Оркестра, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.
За дочекот на Новата 2024та година, на Плоштад Македонија ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.
Дел од празничната програма се и многу детски претстави, меѓу кои и преставата „Исполнета желба“ од Театар за деца и младинци, детската шоу програма Биби и Боби, настапот на 300 деца од Еурека и Брејк а лег, детски маскоти, сликање со дедо мраз и делење подароци.
Низ празничниот базар ќе ве водат Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.
Комора на музичка индустрија во соработка со Град Скопје, со спонзорство на Дајмонд Мол дефинитивно подготвија празнична бајка во центарот на Скопје. Градот убав Ве кани сите да бидете дел од овој магичен празничен базар и заедно да создаваме спомени.
Целата програма на празничната бајка во Скопје:
Коментирај анонимно