Скопје се гуши. Институциите молчат. Време е за блокада. Четврток, 25 декември, во 18:00 часот — пред Цементара Усје

Воздухот во Скопје нема да се исчисти сам.
И ова веќе одамна не е прашање на мислење, туку на мерливи, јавни и проверливи податоци.

Со години слушаме исти изговори:
„Греење“, „сообраќај“, „временски услови“, а главниот проблем под тепих.
Во меѓувреме — граѓаните вдишуваат ситни честички кои директно убиваат.

Пред фактите и боговите молчат

Според јавно достапните податоци од глобалната платформа Climate TRACE, Скопје има јасно идентификувани извори на загадување со PM2.5, прикажани како облаци на емисија во реални услови.

Овие податоци:

  • не се од политичка партија

  • не се од „невладина по нарачка“

  • не се од локална институција под притисок

Тие се глобално верификувани, сателитски и алгоритамски обработени.

Супер-емитер во срцето на градот

Еден од изворите на PM2.5 во Скопје е означен како „супер емитер“ — што значи дека е меѓу 10% од најголемите загадувачи во светот, споредени со илјадници индустриски точки.

Станува збор за:

Цементарница Усје

  • Тип на индустрија: цемент

  • PM2.5 емисии во 2024: 186,46 тони

  • CO₂e емисии во 2024: 380.760 тони

  • Овој извор испушта повеќе PM2.5 од 93,7% од сите точкести извори што ги следи Climate TRACE на глобално ниво

Ова не е „локален проблем“.
Ова е јавно-здравствен аларм.


Screenshot

Ова веќе не е еколошка тема, туку здравствена криза

PM2.5 честичките:

  • навлегуваат длабоко во белите дробови

  • влегуваат во крвотокот

  • се поврзани со срцеви болести, мозочен удар, рак, астма и намален животен век

Зошто блокада?

Бидејќи:

  • институциите не реагираат соодветно

  • транспарентноста е минимална

  • јавноста не добива јасни одговори

  • загадувањето продолжува

Блокадата е последниот јазик што системот го разбира кога сè друго е игнорирано.

Јавен повик

ДОЈДИ НА БЛОКАДА ❗️❗️❗️
📍 На булкеварот пред Цементара Усје
🗓 Четврток, 25 декември
18:00 часот

Ова не е протест „против некого“.
Ова е протест ЗА воздухот што го дишеме,
ЗА здравјето на децата,
ЗА правото на нормален живот во сопствен град.

Ако не излеземе сега —
ќе продолжиме да дишеме последици.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *