Скопскиот полицаец и Југото (виц)
Полицаецот во Скопје стои на раскрсница и ја чека следната жртва. Стои и чека, но цел ден никој не прави прекршок.
По некое време на патот се појавува едно Југо, радарот покажува 60 км/час.
„Е, овој го изгорев!“, си рекол полицаецот и го покажал знакот.
Југото запира, органот на редот ги зема документите и започнува:
– Зошто возите со 60 км/час при ограничување од 50? И сега, што правиме, казна ли ќе пишуваме или…
Во тој момент од далечината наидува Мерцедес S-класа. Радарот пишти – 200 км/час! Полицаецот успеал само да свирне со свирчето пред Мерцедесот да прелета покрај него. Некаде после 500 метри, германското возило запира и тргнува во рикверц. Запира до полицаецот, темното стакло се спушта и од внатре еден со дебел врат вели:
– Кој свирна?
Човекот со Југото тивко му вели на полицаецот:
– И сега, што правиме, казна ли ќе пишуваме или да кажам кој свирна?