„С*кси“ мечка фатена како ТАНЦУВА на камера: „Дали ваков танц е дозволен кај мечките?“
Љубител на дивиот свет бил сведок на сензуален момент во шумата. Канаѓанецот Том МекКлеланд снимил урнебесно видео од мечка откако поставил камера во шумска област во Џонсон, Онтарио. Снимката ја фатило мечката во нешто што изгледа како приватен момент, како прави уникатни танцови движења.

Мечката може да се види како стои на задните нозе со предните нозе подигнати над главата додека се лизга со грбот нагоре и надолу по дрвото – најверојатно поради тоа што се чеша. Како и да е, на набљудувачите им изгледа како мечката да игра.
МекКлеланд го објави видеото на „Инстаграм“ и напиша: „Секси црна мечка работи како стриптизета“ со хаштагови #burlesque и #poledancer.
„Само самохрана мајка на факултет“, се пошегува една деовјка која искоментира на видеото.
МекКлеланд изјави за „Storyful“ дека снимањето на дивиот свет е нешто што го прави редовно и дека имал „тони успеси на камера“ – но ова е прв пат кога видел како мечка се движи вака.
Мечкава си го чеша грбот од дрво, а вие друг пат глупости не пишувајте
Коментирај анонимно