Скулптор кој го претвора ѓубрето во уметнички дела какви што не сте виделе до сега

Птолемеј Елрингтон е талентиран скулптор од Брајтон, Обединетото Кралство. Во средината на осумдесеттите, Птоломеј студирал уметност и дизајн на колеџот Брадфорд. Тој многу патувал и работел на различни работни места, вклучително и дизајн и изградба на театарски сцени и конструкција, како и на изработка на разни големи проекти за јавни уметнички скулптури. Сето тоа го оформило како уметник и тој сега користи само отпадни материјали за да ги создаде овие чуда.