Слатка загатка што често се поставува на интервјуа: Јаболка и портокали
Работите во фабрика што пакува јаболка и портокали за испорака низ целиот свет. Еден ден, машината за етикетирање се расипува и почнува погрешно да ги етикетира кутиите со овошје.
Вашиот колега решава да игра игра. Тој зема три кутии со овошје и ви кажува дека едната содржи само јаболка, едната содржи само портокали, а последната содржи и јаболка и портокали. Можете да видите дека едната од кутиите е означена со „Ј“ за јаболка, другата е означена со „П“ за портокали, а третата е означена со „Ј + П“ и за јаболка и за портокали. Вашиот колега ве потсетува дека сите три кутии се означени неправилно.
Можете да изберете една кутија, а вашиот колега ќе извади парче овошје од неа и ќе ви покаже што е тоа. Можете да го направите ова само еднаш. Како можете без сомнение да кажете која кутија содржи јаболка, која кутија содржи портокали и која кутија ги содржи и двете?
Решенито е на страна 2…
Страни: 1 2
Коментирај анонимно