Славиме роденден во диско стил: „Ист Гејт Мол“ го слави својот ТРЕТ роденден

Овој викенд, на 1,2 и 3 ноември 2024 година, Ист Гејт Мол го прославува својот трет роденден. Роденденската забава оваа година е повторно тематска, во диско и ретро стил.

 

“Уникатноста е нешто што не двои и не прави поинакви. Оваа година решивме повторно да направиме тематски роденден и да го прославиме во ретро и диско стил заедно со најдобрите македонски диско диџеи Вера Јанковиќ и Драган Б. Костиќ кои ќе се погрижат атмосферата во трговскиот центар да биде на највисоко ниво. Забавата во петок ќе започне од 17 до 20 часот, додека во сабота и недела ќе трае од 13 до 19 часот.
Оваа година го вратиме диското во едно поинакво време, барем за еден викенд претварајќи го трговскиот центар место за забава и дружење во ретро стил.” – изјавиja од менаџментот на трговскиот центар.

Роденденскиот викенд, покрај музика и декорација од 80-тите ќе биде исполнет и со возење на ролшуи со посетителите, диско танцување, наградни активации, ретро аеробик, култни ретро филмски сцени со изведба во живо, слатки изненадувања за најмалите и многу други активности.

Ист Гејт Мол ги отвори вратите за посетителите пред точно 3 години, и денес трговскиот центар е омилена дестинација на огромен број на посетители во државата и соседните земји.

Изминатите 3 години, трговскиот центар склучи договор со нови и уникатни брендови, се организираа голем број на настани, изложби, соработки со компании, здруженија и амбасади, спортски настани и многу други активности кои го прават трговскиот центар прв избор за посетителите.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *