Следна станица МЕСЕЧИНАТА, мало сутра: Првиот американски лендер кој се упати кон Месечината по повеќе од 50 години почна да пројавува проблеми неколку часа по лансирањето

Првиот американски лендер „Перегрин“ тргна на пат кон Месечината по лансирањето вчера наутро, но неколку часа подоцна почнаа проблемите.

Мисијата „Peregrine One“ се надеваше дека ќе биде првото слетување на Месечината од приватна компанија. Покрај научната опрема обезбедена од НАСА, лендерот „Перегрин“ ја носи и пепелта на неколку актери од „Ѕвездени патеки“, вклучувајќи го и креаторот на серијата, Џин Роденбери.

„Перегрин“ успешно беше лансиран во космосот во 8:18 часот по средноевропско време од Кејп Канаверал на Флорида, на првиот лет на „Vulcan“, ракета што беше во развој цела деценија од американските гиганти „Boeing“ (BA.N) и „Lockheed Martin“ (LMT.N) во заедничкиот потфат „United Launch Alliance“ (ULA).

Но, неколку часа по одвојувањето од „Vulcan“, лендерот јавил проблеми со погонскиот систем на „Peregrine“ накратко го спречиле вселенското летало да заземе исправна позиција кон Сонцето за да добие енергија неколку часа откако успешно воспоставил контакт со контролата на летот и го активирал погонскиот систем.

„За жал, се случи аномалија, што го спречи Astrobotic да постигне стабилна ориентација кон сонцето. Тимот реагира во реално време како што се развива ситуацијата и ќе обезбедува ажурирања додека се добиваат и анализираат податоците“. – изјавија од  „Astrobotic“

 

Во второто ажурирање, компанијата рече дека инженерите веруваат дека веројатната причина за проблемот со покажувањето на сонцето е „аномалија на погонот што, ако се докаже дека е вистинито, ја загрозува способноста на вселенското летало меко да слета на Месечината“.

Додека инженерите на мисијата ја повратиле контролата, неисправниот погонски систем губи вредно гориво, принудувајќи го „Astrobotic“ да размисли за „алтернативни профили на мисијата“, што сугерира дека слетувањето на Месечината повеќе не е остварливо.

„Се чини дека неуспехот во погонскиот систем предизвикува критична загуба на погонско гориво. Тимот работи на обидот да ја стабилизира оваа загуба, но со оглед на ситуацијата, ние ставивме приоритет на максимизирање на науката и податоците што можеме да ги фатиме. Во моментов проценуваме кои ни се алтернативните можности“, велат од компанијата.

 

Лендерот „Перегрин“ е првото американско вселенско летало кое се упатило кон површината на Месечината по повеќе од 50 години, а само третото е развиено како невладин комерцијален потфат. Два претходни комерцијални обиди, едниот лансиран од израелска групација, а другиот од јапонска компанија, паднаа во 2019 и 2023 година соодветно.

 

„Peregrine“ би требало да слета на Месечината на 23-ти февруари со 20 уреди, од кои повеќето се дизајнирани да собираат податоци за површината на Месечината пред планираните идни човечки мисии. Доколку успее, тоа ќе го означи првото патување до површината на Месечината како дел од програмата „Artemis“ на американската агенција за вселенски истражувања NASA.