Слеп човек успеа да го пронајде гробот на својот татко благодарение на непозната личност преку видео разговор

Секој ден е исполнет со обични задачи кои најголемиот дел од нас ги земаме здраво за готово, но за лицата со оштетен вид тие исти задачи можат да бидат многу потешки. Проверување на рокот на траење на храната, или да кренете нешто што ви паднало од рацете.

Тие обично се сметаат за незначителни настани, но тоа се точно такви работи со кои се бори 30-годишниот Џонатан Атенборо.

Џонатан од Шкотска е роден со микрофталмија и колобом, состојби што значи дека тој е целосно слеп на десното око. Џонатан сè уште имал корисен вид на левото око до пред околу четири години, кога развил агресивна форма на глауком. Тој бил на операција со цел да се спречи прогресијата на болеста, но тоа било неуспешно и сега гледа само сенки и форми.

Џонатан сега е официјално регистриран како слеп и му помага неговото куче-водич Сем. Но, сепак постојат задачи во кои кучето не може да му помогне. За вакви задачи, на Џонатан му треба дополнителен пар очи, што може да ги најде преку апликацијата Биди мои очи. Иновативната програма ги поврзува корисниците кои се слепи и ниско-визуелни лица со волонтери од целиот свет преку видео разговор во живо, што значи дека волонтерите можат да им помогнат на оние кои имаат потреба од помош.

Секој може да стане доброволец за Биди мои очи со преземање на апликацијата и кога на лицето со оштетен вид му е потребна помош, едноставно клика на копчето што вели „јавете се на следниот достапен волонтер“. Повиците се испраќаат до повеќе волонтери истовремено, засновани на временска зона и јазик, така што оној кој ќе се јави прв ќе пружи помош.

Додека Џонатан има тенденција да ја користи апликацијата за секојдневни задачи, има прилики кога му е потребна помош со поважни настани. Како кога сакал да положи цвеќе на гробот на неговиот татко. Тој сакал сам да го посети гробот и за тоа му помогнал доброволец од апликацијата.

Апликацијата сега има повеќе од 3.300.000 волонтери кои се пријавиле за да им помогнат на повеќе од 185.000 слепи корисници и лица со оштетен вид.