Слепа мајка на пет деца дипломираше благодарение на нејзиното куче – водич и и стана глас на слепите лица во САД
Аманда Џуетен, 47-годишна мајка на пет деца од Тенеси, на 9 мај ја доби својата диплома на Универзитетот Тенеси Тек – и тоа со високи почести (magna cum laude). Но, таа не можеше да ја види публиката што ја бодреше – бидејќи е целосно слепа.
„Јас сум сосема слепа,“ изјави Џуетен за Fox News Digital, додавајќи дека нејзиното куче, Колонел е секогаш е покрај неа. На сцената ѝ помогнале двајца колеги, со кои станале тим. „Размислував: „Ова не е крај. Ова е само почетокот на следната фаза.’“
Нејзиниот пат до дипломата започнал пред речиси 30 години, но бил прекинат кога веднаш по завршувањето на средното училиште станала мајка и започнала да работи за да го издржува семејството. Подоцна се вратила на студии, но во 2020 година сосема го изгубила видот поради ретинитис пигментоза.
Џуитен била одлучна да си ја врати независноста
„Бев оставена во целосен мрак без вештини за живот во слепило,“ вели таа. „Знаев како да се снаоѓам со ограничен вид, но не и без никаков вид.“
Одлучна да си ја врати независноста, Џуетен се запишала на осуммесечна програма во Центарот за слепи во Колорадо. „Знаев дека слепи родители ги прават појадоците за своите деца, одат на родителски средби. Знаев дека и јас можам – само ми требаше поддршка од други слепи луѓе.“
Во есента 2022 година се запишала на Тенеси Тек и студирала професионални студии со насока за организациско лидерство. „Наставниците беа одлични – секогаш ме прашуваа како можат да ми помогнат. Никој не се сомневаше во мојата способност.“
Животот по дипломирањето
Сега, по дипломирањето, таа сака да стане глас на слепите лица и да обучува други. Планира магистерски и евентуално докторски студии во рехабилитација на слепи.
„Сакам да ги учам другите за помошната технологија, Брајово писмо и сѐ што научив,“ вели таа. „Сакам да бидам обучувач преку програмите за професионална рехабилитација.“
Џуетен веќе има искуство со застапување – патувала во Вашингтон за да лобира за права на слепите и во Сан Франциско за да протестира против возачи што одбиваат корисници со водичко куче. Таа е член на Управниот одбор на Националната федерација на слепи во Тенеси и поранешен претседател на Асоцијацијата на корисници на водачи – кучиња.
Нејзината порака до оние кои се соочуваат со слепило е: „Сѐ уште ги имате истите соништа и цели. Сега треба само да најдеме начин да ги остварите.“
Коментирај анонимно