Слепо 9-годишно девојче за прв пат ја гледа Оревокршачка со помош на специјални очила

На Лили Лудерс, од Остин, Тексас ѝ била дијагностицирана Хипоплазија на Оптички нерв кога имала само три месеци, состојба која предизвикала слепило во десното око и ограничен вид (20/800) на левото. 9-годишното девојче има проблеми со перцепцијата на длабочината, тресење на очите, што значи дека таа може да види нешто на само 1 метар, што го прави балетскиот перформанс уште попосебен.

Лили и другите лица со оштетен вид беа поканети да ја проследат во живо изведбата на Оревокршачка наречен Невиден балет – спонзориран од Dell Technologies и нејзините партнери, eSight и Балет Остин – во Лонг центар во Остин.