Слон влетал во двор, па бил избркан од најхрабриот член на семејството

Пеј Салик, познат од локалното население во Након Најок, Тајланд е 35-годишен слон кој знае да им задава проблеми на локалните жители. Тој често влегува во дворовите на луѓето и им уништува сѐ во потрага на храна. Но, едно храбро суштество одлучи да се соочи со него.

3-годишнио мачор Симба е доказ дека кучињата не се единствените добри чувари на домот. И покрај фактот дека Пеј Салик можел со еден чекор да го смачка мачорот, бестрашниот Симба се втрча кон натрапникот и за изненадување на сите слонот се исплашил и избегал.

Според Норасин, сопственикот на Симба рекол дека неговата мачка е „агресивна“ и не сака други животни да влегуваат на нејзината територија, па затоа така се однесувала со слонот.

Амат Норасин, локален чувар на паркот, рече дека Пеј Салик живее во шумата, но тој „честопати шета низ домовите навечер за да бара храна“, па оние што живеат во оваа област „знаат кој е тој“.