Слоница ги истурка посетителите затоа што ѝ е потребна „мала услуга“ од негувателката

Силната врска меѓу човекот и животното е секогаш прекрасна работа која не може да не се забележи. Според мое скромно мислење, гледањето на некој кој има длабока врска со нивната мачка, куче или птица е најчиста работа во целиот свет. И уште повозбудливо е да се биде сведок на тоа како човек формира врска со животно кое не се смета за вообичаено милениче. На пример, со лав. Или пантер. Или… слон!

Слоницата Фамаи многу ја сака својата негувателка Тонг Ае и сака кога ѝ пее приспивни песнички. Но, сега слоницата има свое малечко и сака и тоа да ужива во приспивните песнички на Тонг, па затоа ги „откачи“ сите туристи и ја однесе жената кај слончето.