Слоницата се впушти сама против групата лавици за да си го спаси бебето
Никој не сака да гледа суровост кон животните, но во дивиот свет сѐ е дозволено, затоа што борбата за преживување е директна и тешка.
Група на лавици мислела дека ги чека „лесен ручек“ откако забележале мало слонче, но неговата мајка за малку ќе ги срамнеше со земја за да си го спаси малечкото. Мајчинската љубов е посилна од сѐ. Слончето и мајката по инцидентот си продолжиле со групата, додека лавиците останале гладни и „посрамени“.