Словенечкиот замок кој „виси“ на карпа висока 123 метри

Замокот Предјама е готска градба изградена во истоименото село недалеку од Постојна. Замокот почнал да се гради во 13 век на остра карпа висока 123 метри, поради што сè уште изгледа како да „виси“ од неа.

Неговата стратешка позиција им овозможувала на сопствениците да го видат доаѓањето на непријателот пред да се приближат до портата. Комплицирана мрежа од подводни тунели и скриени коридори сместени под замокот овозможувала безбедно бегство.

Замокот Предјама имал многу сопственици, а најпознат бил Еразмо од Предјама, кој го нарекуваат и словенечки Робин Худ затоа што крадел од богатите и им давал на сиромашните.

Замокот стар осумстотини години е претворен во музеј и е отворен за јавноста, а билетот чини околу 100 куни.

Туристите најчесто го посетуваат во август, кога се одржува Еразмус турнирот на витези и кога можете да ги видите спектакуларните битки на модерните витези од Словенија и светот.

Како денес изгледа средновековниот словенечки замок кој изгледа како да виси од карпа, погледнете во видеото на Great Big Story: