Сложениот љубовен живот на Илон Маск: Милијардерот има две поранешни сопруги, три разводи и 12 деца

Од запознавање со технолошки директори до музичари, љубовниот живот на Илон Маск е разновиден и драматичен. 52-годишниот магнат на Тесла имаше три брака, три разводи и 12 деца. И покрај неуредната лична историја исполнета со раскинувања и семејни судири, Маск останува во добри односи со бившите.

 

 

Шивон Зилис: Во моментов се заедно, три деца

Илон моментално е во врска со извршната директорка на Neuralink, Шивон Зилис. Тие имаат три деца заедно, вклучувајќи ги и близнаците Страјдер и Азур, родени во ноември 2021 година и трето бебе родено претходно оваа година. Илон го потврди нивното трето дете во интервју за Page Six, наведувајќи дека нема намера да го чува бебето во тајност.

 

Пејачката Грајмс: 2018-2022 година, Три деца

Илон и пејачката Грајмс (36) се забавуваа од 2018 до 2022 година.

Извор изјави за Page Six во тоа време дека тие се запознале на интернет „преку шега за вештачката интелигенција која Маск планирал да ја објави на Твитер, но открил дека Грајмс веќе ја имала напишано“.

 

Тие имаат три деца: син роден во мај 2020 година со име X AE A-Xii , ќерка родена преку сурогат во декември 2021 година и трето дете по име Техно Механикус. И покрај раскинувањето, тие ја опишуваат нивната врска како убава и остануваат блиски. Но, Грајмс неодамна го тужеше Илон поради родителските права на нивните деца, па за нив најверојатно тоа е нормален однос.

 

Амбер Херд: 2016-2017 година, немаат деца

Илон се забавуваше со актерката Амбер Херд неколку месеци помеѓу крајот на 2016 и почетокот на 2017 година. Тие се разделија во летото 2017 година. Илон призна дека нивното раскинување било болно, откривајќи дека бил длабоко заљубен во неа и тешко ја преболувал.

„Мислам дека таа повеќе ми раскина отколку јас со неа. Никогаш нема да бидам среќен без да имам некого. Ме убива тоа што ќе спијам сам. Не е како да не знам како е тоа чувство: да се биде во голема празна куќа, и стапките одекнуваат низ ходникот, нема никој – и никој на перницата до тебе. Уф. Како да бидеш среќен во таква ситуација?“, изјави тој за медиумот тогаш.

Поранешниот сопруг на Амбер, Џони подоцна ја обвини Амбер дека го изневерувала со Илон додека се уште биле во брак, но и Илон и Амбер ја негираа аферата.

 

Талула Рајли: Во брак 2008-2012 и 2013-2016 година, немаат деца

Илон двапати се ожени со британската актерка Талула Рајли. Тој беше разведен од неговата поранешна сопруга Џастин само шест недели кога и испрати порака да каже дека е свршен со Талула.

Тие првпат се венчаа во 2010 година, а се разведоа во 2012 година, а Талула си заминала со 16 милиони долари како дел од спогодбата за развод.

„Тоа беа неверојатни четири години. Ќе те сакам засекогаш. Ќе направиш некого многу среќен еден ден“, рече тој тогаш на социјалните мрежи.

 

До следното лето, тие повторно се венчаа. Но, тогаш, во декември 2014 година, таа поднесе барање за развод по втор пат, за да ја повлече својата тужба следната година. Во март 2016 година, Талула побара развод по трет пат, а парот се раздели засекогаш; парот немаше деца заедно.

И покрај разделбите, тие остануваат пријатели, а Илон присуствуваше на нејзината неодамнешна венчавка со актерот Томас Броди-Сангстер.

Џастин Маск: Во брак 2000-2008, пет деца

Илон и Џастин Вилсон се запознале на факултет и се венчале во 2000 година. Тие имале шест деца, но нивниот прв син, Невада, починал од синдромот на ненадејна смрт на доенчиња (SIDS) на десет недели. Тие ги имаат близнаците Ксавиер и Грифин и тројките Демијан, Каи и Саксон. Нивниот брак заврши во 2008 година, а тие останаа отуѓени.

 

По нивниот развод, Џастин го обвини претприемачот дека ја третира повеќе како „вработена“ отколку „сопруга“, додека го критикуваше дека не ја покажал својата „рамноправност“ или „партнерство“.

 

Ксавиер е единствената која се најде на насловните страници откако легално го смени полот во женски, а името во Вивијан Џена Вилсон во 2022 година, изјавувајќи дека повеќе не сака да биде во роднинска врска со нејзиниот биолошки татко.

 

Џенифер Гвин: 1994 година, без деца

Илон се забавуваше со Џенифер Гвин за време на факултет во 1994 година. Тие раскинале откако тој дипломирал и се преселил во Калифорнија.

Но Џенифер знае како да го извлече максимумот од врската со Илон. Таа неодамна стави на аукција предмети од нивната врска за да ја плати школарината на нејзиниот посинок на факултет. Аукцијата вклучуваше роденденска честитка, фотографии и златен ѓердан што ѝ го подарил Илон.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *