„Случајно изедов отровна печурка која уби три лица во Австралија. Еве како преживеав!”
Австралијката Ерин Патерсон (48) е осомничена дека намерно убила тројца членови на семејството и критично ранила четврти, хранејќи ги со оброк со отровни печурки минатиот месец.

Додека таа истрага продолжува, Австралиец кој чудесно преживеа јадејќи ја смртоносната габа пред 25 години, неодамна сподели дека се чувствувал како да се „подготвува за крајот“ откако ги пријавил симптомите на повраќање и дијареа кај својот лекар.
„Тој ме погледна и ме однесе до болницата во Канбера. И мојата сопруга ми даде дел од печурката во хартиена кеса“, изјавил Сајмон Кларингболд од Канбера за ABC 7.30, според „Sky News”.
„Тамошниот специјалист ги погледна печурките и во основа рече: „О, да, тоа е сметоносно отровна печурка. И во основа ме однесоа во авионска амбуланта, ме префрлија со хеликоптер до Сиднеј и јас отидов во одделението за акутен црн дроб“.
Печурките може да предизвикаат фатална инсуфициенција на бубрезите и црниот дроб, според „Wild Food UK”.

Кларингболд погрешно верувал дека тие се безопасни кога ги зел од својот двор, а неговата сопруга им подготвила вечера.
„Седум дена подоцна беше неверојатно лошо“, се сеќава тој. „Тогаш почнав да го гледам тунелот и светлата. Лежев и едвај бев свесен. Се подготвував за крајот, навистина мислев дека е крај. Светлата почнаа да се гасат“.
Печурките обично растат под дабови дрвја. Тие обично се во боја од бледо жолто-зелена до маслинесто-кафеава, додека долната страна на капачето е бела.
Јадењето само една од овие печурки може да биде смртоносно.
Се чини дека Кларингболд се спасил од искуството жив и здрав, добивајќи грижа од лекарите во болницата 11 дена.
Членовите на семејството на Патерсон немале толку среќа.
Жената, наводно, зготвила телешки велингтон со печурките, на 29 јули во нејзиниот дом во Леонгата.
Нејзините 70-годишни сватови, Гејл и Дон Патерсон и 66-годишната сестра на Гејл, Хедер Вилкинсон, починале откако отишле во болница.

68-годишниот сопруг на Хедер, свештеникот Иан Вилкинсон, останува во критична состојба додека чека трансплантација на црн дроб.
Според лондонскиот „Тајмс”, на петтото лице на ручекот исто така му се слошило, но по кратко време било отпуштено од болница.

Властите веруваат дека Патерсон го подготвила ручекот користејќи дехидратор за храна кој подоцна бил фрлен во ѓубрето. Се вели дека во тек е форензичко тестирање.
Патерсон и нејзините две деца наводно не јаделе ист оброк. Таа не е обвинета за кривично дело и негираше дека сторила нешто лошо.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно