„Случајно открив дека 5 од моите 6 деца не се мои и што е најтрагично сите се од различни татковци. Дали со ова што се одлучив да го направам јас сум лош татко?“
Понекогаш, обична несреќа може да го претвори животот на една личност во базен на среќа или, обратно, во најголемиот кошмар. Нашиот денешен херој е маж (48), кој го доживеал веројатно најголемиот шок во својот живот.
„Имам 48 години, сопругата има 42 години и нашите шест деца се на возраст од 22,20,18,16 и 15 години, додека најмалото има 2 години. Ние имавме нормален, среќен живот. Се додека животот не ми се преврте наопаку и не знаев што да правам следно.
Кога се роди првото дете поминавме низ многу тешкотии и искушенија, вклучувајќи и недостаток на финансии. Немавме каде да живееме, нашите родители не ни помагаа со детето и тој временски период беше огромен предизвик на за нас како младо семејство. Но, поминавме низ сите неволји, започнавме сопствен бизнис, купивме голема куќа и заедно дадовме живот на уште 5 деца. Или барем така мислев.
Моето семејство го гледав како апсолутен идеал за љубов, меѓусебно разбирање, но еден ден се скршија сите мои илузии.
Еден ден најстариот син дојде велејќи дека мора да разговара за нешто со мене. Син ми отсекогаш сакаше да дознае повеќе за нашето семејство и за минатите генерации. Тој имаше видено дека луѓе прават ДНК тестови за да видат од каде се е измешана нивната ДНК и тој сакаше повеќе детали за генеалошкото дрво на семејството. Тоа сакаше да дознае повеќе за своите корени.
Но, оваа навидум безопасна намера резултираше со болно откритие.
Тестот покажал дека јас не сум воопшто татко. Оваа вест го скршила него и тој дојде да ми ја каже мене обидувајќи се да открие дали има шанси да е грешка. А јас останав без зборови. Никогаш во животот не сум помислил на ваква драма и не можев ни да замислам дека мојата сопруга некогаш ќе ме изневери. Наеднаш, мојот свет се распадна и искрено не можев да сфатам како таква драма може да се случи во моето семејство.
Решив да разговарам со сопругата уште истиот ден. Се надевав барем на некое објаснување. Па дури и мислам ќе прифатев ако ми речеше дека била неверна еднаш пред многу години. Дури се надевав дека ќе ми рече дека ни таа не е свесна за тој факт дека тој не ми е син. Бев подготвен и да ѝ простам поради сите животни искушенија низ кои поминавме секогаш останувајќи пар на сите времиња.
Но, кога разговарав со сопругата таа негираше се. Таа почна да ме обвинува дека сум решил нашиот живот да го претворам го голема драма. Сепак јас се одлучив да не застанам и направив тест за таткоство за сите мои деца. И не ѝ кажав на сопругата за тоа.
Се надевав дека сето тоа е грешка и не сакав да предизвикам мешаница во моето семејство. Но, имаше нешто што ме поттикна да ја откријам вистината, а потоа, ако сето ова се покажеше како грешка, ќе го поминев остатокот од мојот живот обидувајќи се да ја натерам жена ми да ми прости што се сомневав во нејзината лојалност. Но, прво ми требаа фактите, па решив да продолжам со мојот план.
Сепак, тестовите за татковство донесоа шокантни резултати. Се испостави дека дека најмалиот син од 2 години е мој биолошки син, а останатите 5 не се мои. И плус тие беа од различни татковци. Веста за малку ќе ме убиеше затоа што сега се знаеше дека нема грешка. Мојата сопруга немаше што да каже на сетоова и јас донесов болна одлука за која сè уште се двоумам.
Решив да го вклучам само моето биолошко дете во тестаментот. Сè уште ги сакам сите мои деца, и покрај фактот што тие не се мои биолошки. Но, мојата сопруга негира сè, а јас не сакам да го оставам како што е. Така, решив дека би било фер ако го вклучам само мојот син во тестаментот, додека останатите деца не добиваат ништо.
Размислувам за развод. И искрено ми треба помош да го најдам одговорот за мојата животна дилема. Навистина не знам дали ги правам вистинските одлуки“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Децата не се криви што не сте им биолошки татко, сите сте ги гледале и тоа е сто пати потешко отколку да ги створите, тие не познаваат друг(и) татко(вци) освен вас, значи вие сте супертатко и несмеат да патат по ова орашање. А со сопругата разберете се во четири очи, тоа е веќе друго.
Prosti sekoj e gresen prosti i na soprugata nikoja zena ne pravi nisto od dobar zivot i dobar maz vie najdobro si se znaete no goleminata na eden covek e da prosti i da ja saka kako sto ja sakal kako bog sto ne saka i cuva site a za decata ne manjava koj e tatko tuku koj gi cuva e tatko i tie da gi vklucis vo testament
Sneze ti izgleda ne si tacna so pametot ili isto ti mrda gazot ko ovaja ti sakas da kazes da i oprosti hhhhh kako da oprosti koa kaj stignala mu se ebela a baska i deca mu pravela ooo boze zatoa takvi kako vas najubav zivot imate
Mozebi gospodinot ne mozel da ima deca i vestacki e oplodena,no zosto tolku mnogu deca?poslednoto e negovo znaci mu dal gospod nagrada za toa sto nil dobar soprug i tatko.Zosto odma ja obvinuvate zenata?
Prosti i. Slednata polosa ke ti bide. A ovaa bar ti zavrsila rabota, napraeni ti gi donela, samo da gi iscuvas.
Bog da cuva, na najgolem dusman da ne mu se pogodi vakva, pa kakov i da bil mazot. Sto ne go ostavila sko necinel pa na raat da si zabremenuva. Alo nearni, ne e edno, pet tugi deca mu staila u ” kukavickoto” gnezdo. Ovaa ne e so site….a decata, da, ne se vinovni za nisto, i treba da prodolzi da si gi cuva i imotot da go podeli, posto ke dade imot na negovoto a ke mu gi odzeme brakata i sestrite.
Коментирај анонимно