Смртоносни змии се обвиткуваат околу божиќните украси на прометна улица во Мелбурн

Турист сподели фотографија на која напиша: „Само во Австралија…“ и насловот навистина добро ја опишува.

На неа можат да се видат три смртоносни змии како обвиткале новогодишен украс ставен на столб на прометна улица за да изгледа како елка.

Туристот, Максим Зимерман како и луѓето кои се нашле во околината прилично се исплашиле од глетката, но всушност станува збор за добро испланиран маркетинг. Змиите на столбот ги поставил Рејмонд Мосер кој се занимава со одгледување на змии.

Трите змии кои се идентификувани како црна змија со црвен стомак, источна кафеава змија и тигар змија. Во дивината овие змии се едни од најотровните, но Рејмонд го уверил Максим и останатите луѓе дека отровот од овие змии е изваден. Сепак „дружбата“ помеѓу овие змии предизвикува морници.