„Смртта“ ќе ги посетува сите плажи во Флорида кои ќе се отворат прерано

Адвокатот со седиште во Санта Роса, Даниел Улфелдер, ќе започне со својата „турнеја Грим Рипер“ од 1 мај користејќи го застрашувачкиот костум како предупредување за оние кои не го сфаќаат сериозно социјалното дистанцирање.

Улфелдер беше присилен да заземе став откако републиканскиот гувернер на Флорида Рон ДеСантис дозволи повторно отворање на некои плажи, предизвикувајќи широка загриженост за тоа колку е безбедна оваа одлука.

Улфелдер сака да ги убеди луѓето во Флорида да разберат колку е важно за нив да останат дома и да се спротивстават на искушението за кршење на мерките за социјално растојание на новоотворените плажи.

Тој, исто така, има намера да го искористи маскирањето во Смртта како средство за прибирање пари што ќе бидат подеднакво дистрибуирани за демократските политичари кои се кандидираат за федерална канцеларија.

Откако ја напишал својата одлука на Твитер на 22 април па се до сега тој собрал 3.417 американски долари кон својата цел за прибирање финансиски средства од 20.000 американски долари.

Се чини дека Улфелдер е инспириран од кампањата за јавни услуги на Нов Зеланд, каде што злокобниот „Пливачки Рипер“ промовира безбедност на водата во обид да спречи давење.