Снајперист кој спасил животи на 12 војници не бил свесен дека постигнал светски рекорд

Поранешен снајперист во британската армија не знаејќи собори светски рекорд кога застрела и уби двајца талибанци од растојание од 2.475 метри. Крег Харисон ја раскажа приказната за една од неговите најопасни мисии, во покраината Хелманд во Авганистан, во која спаси животи на 12 војници.

Тој вели: „Погледнав и можев да видам двајца мажи со руски митралез и ПКМ ремени како пукаа по момците. Тоа беше долг пат. Беше оддалечено 2.475 метри, што е нешто повеќе од една милја и пол и мојата пушка достигнува само до 1.500 метри.“

„Ми требаа девет истрели за да стигнам таму, бидејќи заградував – што е заграда, тоа е да го испукаш првиот истрел, да видиш каде ќе слета, да додадеш малку повеќе, да додадеш малку повеќе, да додадеш уште малку, сè додека не погодиш.“, објаснува тој.

Откако бил доволно блиску Крег испукал 4 куршуми убивајќи ги и двајцата вооружени талибанци. Во тој момент тој не знаел дека поставил светски рекорд. Истрелите на Харисон биле скоро 50 метри подалеку од претходното потврдено најдолго убиство, што се случило во Авганистан во 2002 година.

На прашањето дали се чувствува горд на своето достигнување, Харисон вели: „Не, воопшто. Си ја вршев својата работа се обидував да спасам 12 момци. Тоа беше тоа.“

Поранешниот снајперист моментално собира пари за започнување на Школата за преживување Маверик, чија цел е да обезбеди бегство за секој што се бори со пост-трауматски стрес.