Снаодлив студент по право (виц)

На испит по казнено право.
Професорот:
– Можете ли да ми кажете колега, што е тоа измама?
– Измама ќе биде професоре, ако ме турнете на испит.
– Што сакате да кажете? Објаснете!
– Па во книгата пишува дека измама извршува оној кој го користи незнаењето на некој и му нанесува штета.